
Седумдесет и двегодишната Марика Илиевска е пријавена за исчезната во раните утрински часови. Според достапните информации, таа последен пат била видена околу 08:30 часот во близина на Трговскиот центар „Лептокарија“ во населбата Карпош 3.
Во моментот на исчезнувањето, Илиевска била облечена во сива јакна и најверојатно носела шешир. Станува збор за лице со деменција, поради што постои зголемена загриженост и потреба од итна реакција.
Сите граѓани кои имаат какви било информации за нејзината локација се повикуваат веднаш да се јават на телефонскиот број 070 781 111.
