Skip to main content
Скопје

Апасиев за кандидатурата на Мециновиќ: Само Чаирчанец може да го спаси Скопје

22/08/2025  17:12

Лидерот на партијата на Левица, Димитар Апасиев, денеска го промовираше кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје – пратеникот Амар Мециновиќ.

„Само Чаирчанец може да го спаси Скопје“, напиша Апасиев, на социјалните мрежи објавувајќи заедничка фотографија со Мециновиќ.

Тој претходно најави дека Левица на овие локални избори ќе настапи со рекорден број кандидати.

Партијата, како што истакна лидерот, ќе има над 20 кандидати за градоначалници низ државата и повеќе од 62 советнички листи

„Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија,“ рече Апасиев.