Skip to main content
Македонија

Апасиев за „Фокус“: Следен пат, нога во глава ќе добие Пеката ако ми пцуе бремена жена и дете

15/05/2025  15:36

“Не може секој пат кога ќе се сретнеме да ми пцуе жена и дете поради тоа што му ги објавивме патните трошоци“, изјави за „Фокус“ пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев по инцидентот во Собранието кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканувал поради тоа што Левица „многу зборувале за патните трошоци“.

Апасиев вели дека пратеничката група на Левица неколку месеци наназад трпи притисоци од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека по нивните институционални реакции, никој од Собранието не интервенирал.

Причина за инцидентот е тоа што Левица објави дека Петар Ристески земал најголеми патни трошоци, околу 14.300 евра, со што многумина го нарекуваат рекордер по исплатени патни трошоци.

– Тој ме запре во ходникот и ми вели „прекини да ми објавуваш патни трошоци“. Јас му викам прекини да ми пцуеш жена и деца. Тој ми врати: „Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам“. Јас пробувам да деескалирам, а тој немаше што да врати и ме фати за врат. Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам. Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна – рече Апасиев за „Фокус“.