
Соппштение на Левица:
Фејсбук статус на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
,,Во само една недела, реакционерните квазипатриоти и кочничари на прогресот од ВМРО-ДПМНЕ ги урнаа сите митови за некаков си “македонски национален интерес”:
– пратеничка на ДПМНЕ одби да го стави Законот за бранители на комисиско гласање;
– промена на името на школото во Гази Баба во насока на понатамошна албанизација и косоваризација на Градот Скопје;
– заштита на урбаната мафија во Чаир, создадена од Висар Ганиу и Изет Маџити од ВРЕДИ, со 150 згради-дивоградби, илегално приклучени на мрежа (за која ние плаќаме);
– шверцување на “Договорот за должничко ропство” со Велика Британија (заедно со Муса Џафери од ДУИ), како во старите добри времиња на Таљат;
– внесување “Северна” во уште десетина закони (без обврска од т.н. Преспански договор);
– скриена бугарска фирма на владиниот Генсек, непријавена во Анкетниот лист кај Антикорупциска…
p.s. Ако е за една недела, па доста е!”