Skip to main content
Македонија

Апасиев: ДПМНЕ за прв пат не дозволи пратеник да се обрати на јавна расправа во Собрание

07/02/2025  18:01

Соопштение на Левица:

Денес, во несоодветна собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, а под притисок на јавноста се одржа јавна расправа за безбедност во сообраќајот.

Присуствував од почеток до крај на оваа расправа. Еве ги моите впечатоци…

1. ВМРО-ДПМНЕ ја загуши секоја можност за конструктивна дискусија. За прв пат во историјата на парламентаризмот не им беше даден збор на пратеници!? А самиот збор “parlare” значи зборува.

2. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов ја лажеше опозицијата за текот и сценариото на расправата (Левица ја лажеше дека СДС нема да земе збор, а СДС дека Левица не сакала да збори. ДПМНЕ режисерите си свиркаа и глумеа загриженост).

3. За прв пат не беше прифатен ниту гостин предложен од опозицијата (гостинот на Левица) – иако тоа е деловничка должност.

Еве со какви за греови ликови и ситни души си имаме работа во Собрание. И овие злобни дудуци утре ќе глумат “конструктивност и инклузивност” во политичките процеси во Македонија.