Skip to main content
Македонија

Антикорупциска ја запре постапката за имотниот анкетен лист на Филипче

04/04/2025  12:40

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот анкетен лист на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче. Во одлуката која ја објавиле вчера наведуваат дека по проверките во Катастарот, Централниот регистар, МВР, УЈП и повеќе банки, утврдиле дека анкетниот лист на Филипче бил целосен и нема прикривање на податоци за имот.

Предметот беше отворен лани кога власта го обвини Филипче дека не пријавил имот во анкетниот лист во ДКСК и неговата имотна состојба се разликува од претходната состојба на завршување на мандатот како министер за здравство.

Лидерот на СДСМ беше обвинет дека прикривал имот, односно не ги пријавил сите свои куќи. Филипче тврдеше дека имотот го пријавил согласно новите правилници на Антикорупциската комисија и нема прикривање, туку повеќе катастарски имотни листови за исти недвижности.

Одлуката е донесена на седницата на Антикорупциска на 28 март.