Skip to main content
Македонија

Антициклон вечерва условува ведро и ладно време насекаде во Македонија

13/12/2025  21:52

Територијата на Македонија останува да биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и зафаќа најголем дел од Европскиот Континент и целиот Балкан. Вечерва во Македонија насекаде имаме ведро и ладно време со температури близу 0 степени а веќе особено во повисоките населени места и на планините температурата се спушта под нулата и има појава на слана и на мраз.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија вечерва до 19 часот.