Skip to main content
Македонија

Антициклон над Македонија ни носи стабилно и претежно сончево време

09/10/2025  08:13

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 8  и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен.