
Анонимен корисник на американска платформа за обложување на криптовалути заработил речиси половина милион долари со апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кратко пред да биде објавена веста за апсењето, пишува Би-Би-Си.
Бројот на облози на Полимаркет дека Мадуро ќе ја напушти власта до крајот на јануари се зголеми во часовите пред американскиот претседател Доналд Трамп да објави дека венецуелскиот лидер е уапсен.
Анонимен корисник, кој се регистрирал на платформата минатиот месец и поставил четири облози, сите на Венецуела, заработил повеќе од 436.000 долари, со влог од околу 32.000 долари.
Податоците од Полимаркет покажуваат дека корисниците ги процениле шансите Мадуро да ја напушти власта на само 6,5 проценти во петокот попладне на 2 јануари, денот пред апсењето на
Неколку други корисници на Полимаркет, исто така, заработија десетици илјади долари обложувајќи се дека Мадуро ќе ја изгуби власта.
