
Англија синоќа во Женева ја победи Италија во полуфиналето на Европското фудбалско првенство за жени 2025.
Италијанките поведоа со голот на Барбара Бонансеа во 33. минута. Англија успеа да израмни на крајот од регуларното време, со гол на Мишел Агјеманг во 90+6. минута.
На крајот од продолженијата (119.минута) , Клое Кели го постигна победничкиот гол, откако претходно не реалиизра пенал, но одбиената топка ја смести во противничката мрежа.
Противник на Англија во финалето ќе биде победникот од натпревар меѓу Германија и Шпанија. Натпреварот ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот.