Skip to main content
Спорт

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

30/12/2025  21:37

На Светското првенство во фудбал, кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, само две репрезентации ќе имаат вредност над една милијарда евра, покажуваат податоците на „Трансфермаркт“. Станува збор за селекциите на Англија и Франција.

На клупски план, дури седум екипи имаат играчки состав проценет на повеќе од една милијарда евра. Највреден тим е Реал Мадрид, со проценета вредност од 1,38 милијарди евра, најмногу благодарение на договорите на Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде.

На второто место се наоѓа Арсенал со 1,29 милијарди евра, по што следуваат Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Челзи, Барселона и Ливерпул, кој ја затвора листата на клубови со вредност од над една милијарда евра. Во топ 10 највредни клубови според „Трансфермаркт“ се наоѓаат и Баерн Минхен, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.