Skip to main content
Македонија

Ангеловска: Скандалозно, ДПМНЕ смени закон за ВЛЕН да вдомат партиски кадар во Државниот инспекторат

28/12/2024  15:53

Интегрален текст од прес-конференција на СДСМ, Розалија Ангеловска – комисија за образование

Со кршење на Деловникот и собраниските процедури ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Најпрво со повлекување на Законот за средно образованиеа овој пат преку итната промена на Законот за просветна инспекција, спротивно на Деловник,  овозможувајќи му на својот коалиционен партнер да назначи свој кадар кој ќе ги спроведува наредбите на Јанеска штитејќи ги партиски подобните  на ДПМНЕ.

Ова е партизација на штета на образованието.

Видно од биографијата на ВД директорот на Државен просветен инспекторат Шабан Алајбегу објавена на официјалната страница на просветниот инспекторат не случајно е избегнат фактот дека Алајбегу нема  педагошко искуство во воспитание и образование туку работел како секретар во училиште, работно место кое спаѓа во категорија административен кадар.

Со измената на Законот за просветна инспекција очигледно е дека кандидатот за директор на Државен просветен инспекторат на ДПМНЕ и ВРЕДИ нема познавање на  англискиот јазик и не може да се стекне со соодветен меѓународно признат сертификат, па му се овозможува на сила,  да се стекне со потврда на полесен и поедноставен начин во институции каде владеачката коалиција може да влијае.

ДПМНЕ со овие измени повторно го урнисува образованието, брутално го партизира и овозможува вдомување партиски кадри за битни раководни позиции на ВРЕДИ а во иднина и на  свои накомпетентни кадри.

ДПМНЕ наместо да стави акцент за целосна примена  и функционалност на законите продолжува кон неусогласеност со единствена цел создавање можности за необјективност , манипулација и поделба на партиски подобни и неподобни.

Наместо да го усогласат Законот за просветна инспекција со Законот за инспекциски надзор, Законот за прекршоци  и Законот за административни службеници дадоа приоритет во содавање услови за неспособни директори алатки на Весна Јанеска и ДПМНЕ