Skip to main content
Македонија

Ангелов: Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, таму се упатува и еден армиски хеликоптер

21/07/2025  19:27

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати дејствувал еден Ер трактор на Дирекцијата, додека вториот Ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино.

Како што соопшти Ангелов, во пожарот кај прилепските села Штавица, Чумово, Волково и Прилепец во моментов дејствува еден полициски хеликоптер, а во моментов се упатува и еден армиски хеликоптер.

-Еден ер трактор на ДЗС полнејќи вода од езерото успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино. Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Кон овие села се упатува и еден армиски хеликоптер, соопшти Ангелов.

Тој додаде дека нема опасност по куќи и други објекти и дека на терен има доволно ПП екипи како и локално население.