Skip to main content
Македонија

Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш

25/07/2025  22:06

Најтежок за гаснење е пожарот што веќе подолго време гори на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш на планината Готен, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Повеќе од 150 лица го гасат од едната страна и уште толку од другата страна. Помагаат седум возила, еден полициски хеликоптер и други теренски возила на Национални шуми. Теренот е исклучително лош, односно е работи за исклучително стрмни падини каде не може да се движат луѓе. На одредени планинските патеки се направени противпожарни пресеки“, рече тој.

Според него, пожарникарите даваат сѐ од себе овој пожар што зафаќа поголема површина да се стави под делумна контрола.