Skip to main content
Спорт

Андреева го освои Дуаби, испиша историја во женскиот тенис

23/02/2025  08:13

Руската тенисерка Мира Андреева стана најмладата шампионка на ВТА турнир од серијата 1.000. Андреева ја освои титулата во Дубаи.

Андреева во финалето во Дубаи ја победи Клара Таусон со 7:6(1), 6:1, по еден час и 47 минути битка.

Таа стана најмладата тенисерка која некогаш победила на ВТА турнир од серијата 1.000 откако оваа категорија беше додадена во календарот во 2009 година.

Од денеска таа ќе стане и најмладата Топ 10 тенисерка (ќе биде деветта на ВТА листата) по Никол Ваидисова во 2006 година.

Андреева се мачеше во првиот сет, не успеа да го реши на свој сервис при резултат 5:4, но затоа блесна во тај-брејкот во кој на противничката и препушти само еден поен.

Моментумот од тај-брејкот го пренесе во вториот сет во кој буквално ја збриша својата противничка.