![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_25911-1024x768.jpg)
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски оствари билатерална средба со Н.Е., д-р Мохамед Хамад Ал Куваити, раководител на сајбер безбедноста за Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер безбедност на ОАЕ.
Соговорниците разговараа за заштита во областа на сајбер безбедноста, меѓународната соработка во справувањето со хибридни напади и сајбер закани.
Ал Куваити е познат по тоа што ја доведе ОАЕ во првите 5 најзаштитени земји од сајбер напади. Д-р Ал Куваити води и бројни иницијативи кои донесоа Гинисови рекорди за подигање на свеста за сајбер безбедноста и организирање на најголеми сајбер безбедносни вежби, со што значително ја зголеми отпорноста на нацијата во сајбер просторот.
“Голем придонес имаат разговорите со луѓето како господинот ал Куваити, со кои разговараме за правците и насоките за тоа како да ја подобриме заштитата од вакви напади.” истакна Андоновски.
“Драго ми е што во напредна фаза е и Меморандумот за меѓувладина соработка во оваа област, кој се надевам дека ќе го потпишеме скоро. Со тоа ќе ја детерминираме нашата соработка во целиот натамошен период.” заклучи Андоновски.