Skip to main content
Македонија

Андоновски: До крајот на годината очекувам 20 до 30 нови електронски услуги

27/01/2026  20:51

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски до крајот на годината.Во интервју за ТВ Алфа Андоновски вечерва истакна дека постои можност и за надминување на оваа бројка и напомена дека дел од тие услуги ќе се однесуваат на работи поврзани со ФЗОМ.

-За мене ФЗОМ беше мошне важен, затоа што е една од клучните институции, која може за нешто да му затреба на секој граѓанин, за продолжување на боледување, за активирање на боледување, за менување работно место тогаш се менуваат и осигурениците, има доста активности кои граѓаните ги користат, нагласувајќи дека голем број од електронските услуги ќе бидат од ФЗОМ, а најави и околу 15-ина услуги од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, при што ќе станнува збор за лиценци, потвврди, но тука повеже станува збор за услуги кои се поврзани со компании, а не со граѓанинот како поединец.

Андоновски настрана од овие 20 до 30 нови услуги до крајот на годината, кои како што рече, се буџетски, веќе планирани или се во процедура на реализација, а очекува и уште околу 30-ина од проект, кој треба да почне оваа пролет, поддржан од Европската Унија, поточно ИПА проект од третата компонента.

-Очекувам годината да заврши со повеќе електронски услуги. Лани имавме раст од 74 проценти на бројот на месечни услуги, кои ги издаваме на граѓаните. Во 2024 просекот бил 3450 услуги, а за 2025 просекот изнесува 13.450, што значи разликата во растот е огромна, а бројот на корисници е зголемен за 62 отсто, споредено со 2024 година, рече Андоновски.

Тој вели дека граѓаните го сакаат и го препознаваат Националниот портал за е-услуги и најави дека во моментот работат на негова надградба и хардверски и софтверски, со цел да биде побрз, попристапен, позаштитет и полесен за користење од страна на граѓаните.