Skip to main content
Спорт

Анчелоти по пласманот на СП 2026: Сите сме среќни, но сега треба да размислуваме за иднината

11/06/2025  11:54

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти се осврна на пласман на „Кариоките“ на Светското првенство во 2026.

Бразил синоќа го победи Парагвај со 1:0 и избори учество на Мундијалот 2026.

– Одигравме добар натпревар, особено во првото полувреме. Во второто полувреме темпото малку ослабна, но генерално покажавме добро координирана тимска игра и ова е охрабрувачки. Треба да работиме напорно, бидејќи има само уште една година до Светското првенство во 2026 година. Сите сме среќни, но сега треба да размислуваме за иднината, изјави Анчелоти за „Globo“.

Репрезентацијата на Бразил следните натпревари ги игра на 3 септември против Чиле и на 6 септември против Боливија.

Бразилците имаат 25 бодови и се на 3. место во поредокот. На две кола до крајот на квалификацискиот циклус, Бразилците имаат недостижни седум бода пред Венецуела која е на 7. место.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. За прв пат во историјата на завршниот турнир ќе играат 48 селекции.