
Сè почеста тема меѓу Шпанците, а всушност и целата светска јавност беше дали Карло Анчелоти ќе го преземе тренерскиот штаб на бразилската фудбалска репрезентација.
Овие приказни дополнително се разгореа по дебаклот против Аргентина и отказот што му беше врачен на селекторот Доривал во петокот.
Бразил, без сомнение, тргна по Анчелоти, но тој уште еднаш демантираше дека ќе седне на клупата на репрезентацијата со најмногу мундијали во историјата на фудбалот.
„Не“, кратко и јасно порача Анчелоти.
Се веруваше дека поради неговите многу добри односи со Винисиус, Родриго, Ендрик, Едер Милитао, Касемиро може да се реши на таков чекор, но тоа очигледно нема да биде така.
„Имам договор со Реал Мадрид и немам што да додадам на таа тема. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но имам договор со Реал Мадрид и се е јасно“, додаде Анчелоти.