
Италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден во Мадрид на една година поради затајување на данок пред десет години. Казната за актуелниот селектор на Бразил и досегашен тренер на Реал Мадрид е условна и нема да мора да оди во затвор, но сепак ќе мора да плати 400.000 евра за прекршокот.

Тој е осуден за прекршување на законот во 2014 година. Обвинителството го обвини тренерот на Реал Мадрид за измама на „државната благајна“ во годините 2014 и 2015 за време на неговиот прв мандат како тренер на „крласкиот клуб“.
За време на судењето Анчелоти изјавил дека никогаш не сакал да го прекрши законот, но тоа што го направил било според тоа што го добил како информации од клубот и од советниците. Побарал ослободителна пресуда и доколку биде осуден да има олеснителни околности – надополнување на штетата, подмирување на долгот до декември 2021 година и за задоцнетите плаќања.