Skip to main content
Свет

Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН

02/06/2025  09:55

Генералното собрание на ОН денеска треба да ја избере поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок за претседател на најголемото тело на ОН.

Бербок нема противкандидат во кандидатурата за оваа едногодишна највисока позиција, која е првенствено од церемонијално значење и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Изборот на пленарната седница пред 193 земји-членки на ОН се смета за формалност.

Официјалната инаугурација на политичарката од партијата на германските Зелени треба да се одржи на 9 септември, кратко пред општата дебата на Генералното собрание на ОН со државници од целиот свет.