Skip to main content
Забава

Ана Стојанова од Дубаи им одговори на сите кои ја прашуваат кој ја спонзорира: “Престанете да ги осудувате девојчињата” (ФОТО)

07/11/2025  22:10

Фитнес инструкторката и инфлуенсерка од пред некој ден на еден месец се пресели во Дубаи па на следбениците и фановите им сподели видео од тоа како изгледа нејзиниот мал апартман во кој е сместена таму, но за жал видеото доби и многу негативни коментари.

Се чини во сенка падна и погледот од апартманот на 22 кат и теретаната поради големиот број на коментари од мажи, но и од некои жени кои прашуваат како таа стигнала до Дубаи и што ќе прави таму, како и тоа кој ја спонзорира Стојанова.

Исповоцирана од ваквите стереотипни гледања дека жената не може самата да заработува и да си дозволи патување во Дубаи, Ана денес најпрво со саркастични “кратки приказни” на Инстаграм се пошегува на своја сметка па го покажа “арапот” кој ја спонзорира и со кого се шета на јахта, а кој всушност најверојатно е нејзиниот сопруг, за потоа да сподели и видео на кое директно им се обраќа на мажите кои ги напаѓаат девојките и жените на овој начин.

“На маж, особено на Македонец не му е никако прифатливо дека една жена може сама да заработува во денешно време и може да си се однесе каде сака! Обавезно мора да стои некој спонзор зад неа за таа да патува…

Тие што ме следат и тие што ме знаат, знаат дека јас често патувам, и знаат со кого сум тука, но не е ни битно, можам и сама да дојдам тука… намерно не го снимав…

Има девојки кои се сами, не се во врска, не се во брак, дали и тие ви должат објаснување?, запраша таа додавајки: Јас можев лесно да покажам со кој сум и да се “оправдам”, ама не е тоа поентата. Прекинете да ги осудувате девојчињата! Живееме во дигитално време и само во Македонија е уште чудно дека може да работиш од било каде во светот. Поздрав”, заврши таа.

Видеото погледнете го на Инстаграм со клик ТУКА.