
Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор во подкаст изјави дека „не се плаши од повраќање“ бидејќи „шмркал кокаин од тоалетните школки“.
Американскиот министер за здравство го призна ова за време на подкастот „This past weekend“ на популарниот американски подкастер Тео Вон.
Во подкастот, Кенеди и Вон разговараа за нивната историја на злоупотреба на дрога и како заедно присуствувале на состаноци за поддршка пред да бидат откажани поради коронавирусот. Подоцна, тие формираа своја „пиратска“ група, која продолжи да се состанува за време на пандемијата, пишува Sky News .
Кенеди се осврна на своето децениско закрепнување од злоупотреба на алкохол и супстанции. „Не се плашам од повраќање… Шмркав кокаин од тоалетните школки“, рече американскиот министер за здравство.
„Знам дека оваа болест ќе ме убие ако не ја лекувам, што за мене значи одење на состаноци секој ден“, рече Кенеди.

