
Американската републиканска сенаторка Лиза Мурковски го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да преземат контрола над Гренланд. Таа оцени дека ваквите изјави се навредливи за народот што живее на таа територија.
Мурковски истакна дека во изјавите на Трамп целосно изостанува признавањето на постоењето на локалното население и дека иднината на оваа данска автономна територија треба да ја одредуваат нејзините жители.
„Познавам Гренландци и имам пријатели таму. Денес длабоко размислував за нив. Во Трамповите зборови нема никакво признавање дека на Гренланд живеат луѓе“, изјави Мурковски во интервју за CNN.
