Skip to main content
Uncategorized

Амбасадата во Чешка е во координација со семејството Чифлиганец за пренесување на телото во Македонија

04/08/2025  16:16


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување. По добиената информација, Амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството.

„На 3 август, од страна на фамилијата на лицето Д.Ч., Амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите.

Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Северна Македонија“ велат од МНР.