Skip to main content
Скопје

Алкохолизиран со тротинет влетал во протестот против Вардариште 

06/09/2025  22:25

На протестот против депонијата Вардариште што вечерва се одржа во Аеродром, се случи инцидент кога лице во алкохолизирана состојба со електричен тротинет влетало со голема брзина меѓу демонстрантите.

Според објавата на граѓанската иницијатива „Од зелен хуман град“, лицето удрило во легнат велосипед покрај кој имало деца што си играле, а потоа се обидело да избега. Родителите и дел од присутните граѓани веднаш реагирале и тргнале да го запрат.

Возачот на тротинетот, кој не успеал да ја задржи контролата, по околу 50 метри изгубил рамнотежа и паднал, по што бил задржан од присутните.

За среќа, во инцидентот нема повредени граѓани, но организаторите и присутните реагираат дека на протестите редовно присуствуваат мали деца и миленици кои се во најголем ризик да настрадаат.