Skip to main content
Спорт

Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо

05/03/2025  11:02

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на отсуството на Јаник Синер од турнирот во Индијан Велс.

Италијанецот е суспендиран на три месеци поради прекршување на антидопинг правилата.

– Тоа не менува ништо. Јаник не игра, но многу од најдобрите светски играчи играат. Нема јасен фаворит, многумина прикажуваат одличен тенис. Мојот пристап кон турнирот воопшто не е променет. Фокусиран сум на себе и сакам да играм добар тенис“, изјави Алкараз на прес-конференција во Индијан Велс.

Алкараз кој е втор носител на турнирот што почнува денес, во првото коло ќе биде слободен.