
Светскиот тенисер број 3, Карлос Алкараз, проговори за своите амбиции.
– Секогаш велев дека би сакал да бидам најдобар во историјата и да седам на иста маса со големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер). Но, не сум опседнат со идејата да бидам тенисер број еден во светот. Бев на врвот на листата пред неколку години и бев среќен. Сега сум трет и исто толку среќен. Уживам во патувањата, спортот и животот, изјави Алкараз во интервју за „GQ“.
Шпанецот исто така истакна дека сака да ги инспирира младите играчи и да остане во сеќавањата на луѓето како личност која ужива во тоа што го работи.
Дваесет и едногодишниот Алкараз е четирикратен победник на Грен слем турнирите. Вкупно во кариерата има освоено 17 АТП титули во сингл. Шпанецот има и сребро на Олимписките игри во 2024 година на негова заслуга.