Skip to main content
Спорт

Алкараз е нов шампион на Австралија Опен

01/02/2026  15:04

Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија Опен откако во денешното финале го совлада десеткратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (2:6; 6:2; 6:3 и 7:5). Финалниот меч траеше 3 часа и 4 минути, а Алкараз ја освои првата титула во Мелбурн.

Финалето почна со доминација на Ѓоковиќ кој првиот сет го доби со 6:2 и притоа успеа да направи два брејка. Во следниот сет иста слика со тоа што во овој сет два брејка имаше Алкараз. Таа тенденција продолжи и во третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси и четири сет топки. Во четвртиот сет Ѓоковиќ спаси шест брејк топки и изедначи на 1:1 во гемови, а не искористи една во деветтиот гем. Во 12.гем Алкараз ја искористи првата меч топка и го доби сетот со 7:5.

Ова беше 10-ти меѓусебен меч на двајцата тенисери и сега скорот е 5:5 во победи.