Skip to main content
Македонија

Алиу: Во секоја здравствена институција има недостиг на персонал

05/01/2026  16:15

Министерот за здравство истакна дека во секоја здравствена институција има недостиг од персонал. Вклујчително и клиниките и болниците, меѓу кои и Тетовската клиничка болница.

– Затоа интензивно ќе работиме, тоа што веќе го најавивме еднаш на прес-конференција и на креирање нови капацитети, но и на оптимизација или хоризонтална мобилност на здравствените работници со цел здравството да се доближи до граѓаните, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства.

Додаде дека целта е граѓаните да не одат за здравствени услуги само во Скопје.