Skip to main content
Македонија

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд

25/01/2026  20:34

Крилото на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, оценува дека проектот „Безбеден град“ се спроведува селективно, крши дел од Законот за јазиците и нанесува економска штета на граѓаните преку непропорционални казни. Опозицијата предупредува дека спроведувањето на овој закон отвора сериозни правни, социјални и уставни проблеми.

„Официјалната комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот, се спроведува без почитување на јазичните права на граѓаните Албанци. Ова претставува директно кршење на законот и уставните принципи на мултиетничка држава“, изјавуваат од АА.

Партијата бара преиспитување на казните и нивото на толеранција, предупредувајќи дека селективното спроведување само во некои градови е неправедно и дискриминаторски. Тие најавуваат обжалување на Законот за прекршоци до Уставниот суд за заштита на правата на граѓаните и еднаквоста пред законот. Денеска се изврши тестирање на системот во населбата Автокоманда во Скопје, каде радарите и камерите ги мерат брзините на возилата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека отстапките што биле констатирани се минимални.