
По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција. Претседателот на партијата, Арбен Таравари, информираше дека ваквата одлука е резултат на незадоволства поврзани со балансерот и Законот за јазиците.
„Се враќаме кај граѓаните. Алијансата за Албанците останува уникатна политичка партија,“ изјави Таравари, најавувајќи нова фаза во дејствувањето на партијата од опозициски редови.