Skip to main content
Скопје

(Видео) Александар Трајановски за градоначалник, Пенов за носител на листа – понудата на ГРОМ и ЛДП

11/09/2025  13:56

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја обелодени неговата кандидатура за нов, петти мандат како градоначалник на општината.

Во изјава за медиуми, Јакимовски октри и дека неговата партија ГРОМ и ЛДП ќе се поддржуваат а ќе излезат и со заеднички кандидат за градоначалник и советничка листа за Град Скопје.

Заеднички кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде Александар Трајановски кој во два мандати е советник во Град Скопје.

Носител на листа ќе биде екс скопскиот градоначалник Ристо Пенов, а официјален коалициски договор ГРОМ и ЛДП ќе биде потпишан денеска, најави Јакимовски.