Skip to main content
Македонија

Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ е избран за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори

11/06/2025  20:37

Денеска се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која избран е генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори.

Одтаму велат дека претстои период на одговорна пред се, а потоа и интензивна теренска работа со граѓаните, со членовите. Ветуваат дека ќе излезат со најдобра програмска понуда пред граѓаните со најдобриот тим и кандидати за градоначалници и советници.