
Познатиот албански телевизиски водител и новинар Елтон Тозај синоќа околу 19:30 часот бил жртва на брутален напад на автопатот Тирана–Драч, под сè уште неразјаснети околности, јавуваат албанските медиуми. Според информациите што неговото семејство ги споделило преку социјалните мрежи, Тозај бил нападнат од повеќе лица, при што се здобил со тешки телесни повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема официјални информации за случајот.

