Skip to main content
Балкан

Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир на Трамп

22/01/2026  21:25

Албанското собрание со 110 гласови „за“, еден воздржан и без гласови „против“ го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија, претставувана од премиерот Еди Рама, во Одборот за мир, инициран од американскиот претседател Доналд Трамп.

Беше отфрлен и амандманот предложен од опозициските пратеници, да се избрише името на Рама со 79 гласови против, 30 за и без воздржани.

Опозицијата бараше во Одборот за мир земјата да ја претставува шефот на државата, Бајрам Бегај.

Во меѓувреме, претседателот Бајрам Бегај го овласти премиерот Рама да го потпише договорот за Одборот за мир.

„Ја однесовме Албанија, посветена на мирот, на врвот на ОБСЕ и на масата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде со гордост и чест ги поставивме албанското знаме и нација“, изјави меѓу другото Рама.