Skip to main content
Хроника

Албански државјанин уапсен на Ќафасан: Се барал со потерница од Интерпол Грција

26/06/2025  16:50

Вчера во 18.00 часот на Граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода C.Р.(30) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Р.Грција.

Тој е предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.