Skip to main content
Хроника

Албански државјанин приведен кај Гевгелија поради превоз на мигранти

08/02/2026  15:08

Полициски службеници од СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија, денеска го лишија од слобода 21-годишниот Б.С. од Република Албанија.

Интервенцијата се случила околу 01:55 часот, на излезот од Гевгелија кон автопатот А1, кога полицијата запрела патничко возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички, кое го управувал приведениот.

При извршената контрола било констатирано дека во возилото се превезувале пет лица мигранти – четворица државјани на Египет и едно лице од Судан.

Надлежните служби го документираат случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.