Skip to main content
Балкан

Албанската опозиција го критикува премиерот за изборот за „министерка“ креирана од вештачка интелигенција

13/09/2025  19:43

Албанскиот премиер Еди Рама предизвика гнев кај опозицијата со предлогот да назначи сервер со вештачка интелигенција за „министерка“ во владата.

При презентирањето на кабинетот во четвртокот, Рама објави дека серверот Диела, што на албански значи „сонце“, ќе обезбеди елиминација на корупцијата при доделувањето на јавните договори.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Газмент Барди реагираше преку објава на Фејсбук. „Шегите на премиерот не можат да се претворат во правни акти на албанската држава, оценива тој. Рама постапи неуставно, нагласи Барди, истакнувајќи дека Уставот на земјата предвидува министрите да бидат албански државјани, полнолетни и ментално способни.

Диела досега се користела како виртуелен асистент на владините веб-страници.

Кабинетот допрва треба да биде одобрен од парламентот.

Социјалистичката партија на Рама победи на парламентарните избори во мај четврти пат по ред, обезбедувајќи апсолутно мнозинство. Сепак, за уставни измени е потребно двотретинско мнозинство, а засега не е јасно дали Рама ќе бара уставна промена за Диела.