
Во Албанија продолжува трендот на раст на туристи, чиј број во првите четири месеци од годинава достигна 2.45 милиони.
Премиерот Еди Рама ги сподели бројките во објава на Фејсбук, истакнувајќи дека 820 илјади странски посетители уживале во Албанија само во текот на април.
„Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, зголемувајќи ја нивната вкупна бројка на 2,45 милиони во првите 4 месеци од 2025 година. Овој раст покажува дека Албанија ја консолидира својата нова позиција на европската туристичка мапа, бидејќи и понатаму се смета за изненадување на европските дестинации дури и за 2025 година, пишува Рама.
Во објавата наведува дека во периодот јануари – април минатата година во земјата престојувале 2,33 милиони, наспроти претходната 2023 година кога Албанија ја посетиле 1,68 милиони.
Минатата година во Албанија престојувале над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година.