Skip to main content
Балкан

Албанија од туризмот заработила рекордни 874 милиони евра во првиот квартал годинава

11/06/2025  20:28

Во првиот квартал од оваа година, приходите од туристичкиот сектор во Албанија забележаа уште еден рекорд во споредба со истиот период од претходните години.

Според податоците објавени од Централна Банка на Албанија, странските туристи потрошиле 874,36 милиони евра во Албанија, што е зголемување од околу 11% во споредба со истиот период во 2024 година и 40% повеќе во однос на истиот квартал од 2023 година.

Статистиката покажува дека Албанија го зголеми своето водство во привлекувањето елитни туристи кои трошат повеќе и остануваат подолг период, факт што се претвора во позитивно и распределено влијание врз економијата“, оценува банката.

И нето-билансот во туризмот останува позитивен за албанската економија. Разликата помеѓу трошењето на странските туристи во земјата и трошоците на албанските граѓани што одат во странство изнесува 295,32 милиони евра.

Инаку, во Албанија продолжува трендот на раст на бројот на туристи. Како што деновиве објави премиерот Еди Рама, во првите четири месеци од годинава престојувале 2,45 милиони, наспроти 2,33 милиони минатата, односно 1,68 милиони туристи во 2023 година.