Skip to main content
Хроника

Албанец уапсен на ГП Блато по потерница на Интерпол Германија

11/08/2025  14:17

Полицијата на Граничниот премин Блато уапси 35-годишен државјанин на Албанија, баран со мерка „апси“ по наредба на Интерпол Германија. Лицето е предадено за понатамошна постапка.

-На 10.08.2025 во 11:25 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Ш.(35) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка, информира МВР.