Skip to main content
Хроника

Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана

10/03/2026  15:08

25 – годишен албанец П.Ѓ бил донесен со повреди во општата градска болница ,,Св. Наум Охридски” во Скопје.

Иако тој пријавил дека повредите се од сообраќајна незгода која се случила пред неколку дена, лекарите утврдиле сепак дека станува збор за прострелна рана.

Случајот бил пријавен вчера во 15:13 во СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.