Skip to main content
Македонија

АКТУЕЛНА НАЈАВА ЗА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ: Следната седмица многу сонце, температури над 20 степени

01/03/2025  15:29

Во текот на следната седмица нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и висок возушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација ќе имаме многу сонце со сосема мала локална облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, преку ден тие ќе бележат тенденција на голем пораст, особено од среда (5 март) па во деновите потоа мксиумалните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22 степени. Во Скопје за време на овој период температурата ќе се искачи до околу 20 степени.

Да напоменеме дека, ова невообичаено топло време за овој период од годината може да придонесе за порано будење на природата и расцутување на овошките, што ни малку не е добро, поради тоа што едно е сигурно, а тоа е дека зимата во целост сеуште не е завршена, и ладни продори од север очекуваме да имаме и понатаму.