Skip to main content
Македонија

Активиран Кризниот штаб во Аеродром, апел за внимателност

09/07/2025  21:27

Градоначалникот на Општина Аеродром преку својот Фејсбук профил информираше дека Кризниот штаб е официјално активиран и ќе остане во постојано заседание поради зголемениот ризик од пожари и вонредни ситуации.

„Попладнево остварив средба и заедничка обиколка на неколку локации со Началникот на ЕВР Аеродром и Драчево – Јанушев и Командирот на ПСОН Аеродром – Петровски,“ напиша градоначалникот.

Тој истакна дека Општина Аеродром е во постојана координација со Министерството за внатрешни работи и сите релевантни институции, а општинските служби и механизацијата се подготвени за итна интервенција доколку се појави потреба.

„Апелирам до граѓаните да бидат внимателни, да не палат огнови на отворено и во случај на потреба веднаш да се јават на бројот за итни случаи 112“, нагласи градоначалникот во својот статус.

Состојбата се следи одблизу, а надлежните институции се мобилизирани за брза реакција.