Skip to main content
Свет

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

12/05/2025  22:36

Да останете со возило на автопат затоа што ви се испразнил резервоарот или батеријата на електричен автомобил? Во Германија тоа се смета за сериозен прекршок. За вакви случаи постои законска основа, а полицијата редовно ги казнува возачите кои ќе останат на патот поради празен резервоар или испразнета батерија.

Ова не се случува ненадејно – возачите добиваат предупредувања на инструмент-таблата дека нивото на гориво е на резерва или дека батеријата е при крај.

Основната казна за ваков прекршок е 35 евра, но најчесто се плаќа 70 евра. Зошто? Доколку се задржите повеќе од три минути на автопат, тоа се смета за паркирање на место каде тоа е строго забрането. Освен тоа, се добива и еден казнен поен.

Можно е и дополнително зголемување на казната, особено ако полицијата утврди дека сте застанале на опасна локација или ако дојде до сообраќајна несреќа предизвикана од вашето застанување, пишува “ХАК Ревија.