Skip to main content
Македонија

Ако има куќен притвор Груби ќе се врател, наводно ангажирал и адвокат

17/12/2024  09:53

Повеќе медиуми објавуваат дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби веќе ангажирал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е обвинет, а поврзано со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија.

Наводно, адвокатот Владимир Доневски ангажиран од Груби уште синоќа бил во Јавното обвинителство и предложил тој да се врати во земјава, но само ако биде изречена поблага мерка за негово обезбедување, односно мерка куќен притвор, наместо затворски притвор.

Претходно ОЈО побара ефективен притвор, но по тоа барање треба да се одлучува во текот на денот.

За сите овие наводи од медиумите до моментов нема официјална потврда.