Skip to main content
Хроника

Акциска контрола во ноќен клуб во Гостивар, уапсени четири странски државјанки

30/07/2025  13:19

На 30.07.2025 во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска” во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар.

При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.

Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.