Skip to main content
Хроника

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

06/11/2025  17:51

Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

-Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата, велат од ОЈО ГОКК.

Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.