Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска изјави дека нема коментар за случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во случајот „Државна лотарија“ и е во бегство.
– Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела и се надевам дека тој (Груби) е еден од нив – изјави Агелер на Претпразничната чајанка во ЈП „Лајка“.
Амбасадорката потенцираше дека е клучно да има одговорност и транспарентност, особено во процесите кои се однесуваат на разрешување на членови на Судскиот совет што се избираат во Собранието.
– Треба да постои одговорност, но и процесот треба да биде транспарентен за граѓаните да разберат што се случува и зошто – додаде Агелер.
Оваа изјава доаѓа во време на зголемени критики за работата на правосудните институции и потребата за реформи во правосудниот систем на земјата.